Венчаница од соништата: Серена Вилијамс во “Александер Меквин“

САД- Тениската ѕвезда Серена Вилијамс (36) , моментно на 22. позиција на листата ВТА, откри кој е дизајнерот на венчаницата што ја носеше на свадбата со бизнисменот Алексис Оханиан. Правата за ексклузивните фотографии од свадбата, ги имаше американскиот  “Вог“. Главната дизајнерка на куќата, Саша Бартон, ја потпишува спектакуларна венчаница, украсена со накит од 14 карати, кои чинат 3,5 милиони долари.

Вилијамс раскажува дека главната уредничка на американскиот “Вог“, Ана Винтур, и ја дала идејата за дизајнерот на венчаницата, и била горда што тенисерката и го послушала советот.

Втората тоалета во која се пресоблекла Вилијамс за приемот , е од тантела, со потпис на “Версаче“.

“На неа работевме 1.500 часови, откри за “Вог“, Донатела Версаче.

Серена се венчаше со Оханиан на интимна церемонија, во Њу Орлеанс, а на свадбата беа поканети Бијонсе, Лала Ентони и Ким Кардашијан -Вест.