Венецуелскиот опозициски караван тргна по хуманитарната помош од САД

Караванот на венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо денеска се упати кон границата на Венецуела со Колумбија за решавање на ситуацијата со хуманитарната помош од САД.

Претставниците на опозицијата рано утрово тргнаа од Каракас со три бели автобуси, кои, како што беше најавено, требаше да ги предводи Гуаидо.

Меѓутоа, привремениот претседател на Венецуела не дојде, а се претпоставува дека го искористил вниманието на медиумите како мамка за безбедносните служби да не го попречат патувањето.

Опозицијата вети дека ќе достави голема количина помош испорачана од САД, која се наоѓа во магацини во колумбискиот пограничен град Кукута.

Претседателот Николас Мадуро им нареди на своите вооружени сили да ги нарушат нивните планови, за кои смета дека се потег со кој сакаат да го присилат да отстапи од власта.