Велковски е нов играч на Ријека

Дарко Велковски е нов играч на фудбалскиот клуб Ријека. Велковски потпиша договор за три години со можност за продолжување за уште една година, а во Хрватска доаѓа од редовите на Вардар. Тој е и поранешен фудбалер на Работнички, а со двата тима го има освоено македонскиот шампионат.

– Градот е убав, луѓето се одлични, сите се насмеани. Стефан Ристовски ми кажа сѐ најдобро за Ријека, за клубот и навивачите. Исто така, ги знам Жута и Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдаме нашите очекувања и ќе освоиме трофеи во Ријека, изјави Велковски по потпишувањето на договорот, цитиран од клубот.

Тој се заблагодари за дадената шанса во тимот од Хрватска и изрази надеж дека ќе се вклопи во системот на тренерот и дека ќе напредува.