Велешанец шверцувал хероин, МВР најавува кривична пријава
Против Л.М. (49) од Велес ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 8 мај годинава полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на наплатната станица Петровец сопреле патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од Л.М. При преглед, кај Л.М. било пронајдено полиетиленско пакување со 101,35 грама хероин.
Л.М. е лишен од слобода и со него е извршен разговор.