Велешанец со „фиат пунто“ удрил во тројца пешаци

Рано утринава околу четири часот, во близина на Градската библиотека во Велес се случила сообраќајна несреќа. Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен ѕид.

Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди.

По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа од Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал Наредби за прибирање на траги од местото на настанот и за вршење на анализа на крв и урина земени од возачот со цел утврдување на факти и околности за настанот.