Вежба во случај на „руска агресија“, американските војници одат во Полска

Неколку стотина американски војници пристигнаа денеска во Германија во првиот тест од стратегијата за брзо распоредување, пренесува АП.

Оваа стратегија за цел има јакнење на присуството на НАТО во источна Европа во случај на руска агресија или други вонредни ситуации.

Војската на САД во Европа соопшти дека 350 војници од Првата оклопна дивизија пристигнале денеска во Берлин како дел од рупата од 1.500 луѓе кои ќе пристигнат неделава.

Тие се упатени кон Полска, каде ќе се поврзат со тенковските и другите тешки единици кои се доведени од своите претходно одредени позиции во Холандија, а потоа ќе изведат маневри со полските сили.

Идејата на стратегијата за „динамично ангажирање на сили“ е „брзо да се насочат силите подготвени за борба“ во Европа во случај такво нешто да биде потребно.

САД, Канада, Германија и Велика Британија веќе командуваат со единиците во Полска, Летонија, Литванија и Естонија.