Вашингтон загрижен поради Хоџа и Бошкоски

Американските власти се загрижени што две лица што се на нивната црна листа станаа советници на премиерот Зоран Заев. Станува збор за Љубе Бошкоски и за новопечениот советник Џезаир Шакири алијас командант Хоџа.

„Ние ја споделивме загриженоста со Владата. Но, ова не е ненадминлива ситуација во односите меѓу амбасадата на САД во Македонија и Владата во Скопје. На американските службени лица не им е забрането да комуницираат со лицата што се на листата“, велат од американската амбасада за „Независен весник“.

Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во САД поради националната безбедност, пишува во соопштението на американската амбасада во Скопје.