ВАР – систем на натпреварите на Македонија против Финска и Азербејџан

Системот за видео помош на судиите ВАР ќе биде во функција на натпреварите што репрезентацијата на Македонија ќе ги игра против Финска и Азербејџан во Белек, Турција.

„Тамошната фудбалска федерација го воведува ВАР-системот за натпреварите кои ги организираат во националното првенство, а меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат на македонската репрезентација“, соопштиија од Фудбалската федерација на Македонија.

„Црвено-жолтите“ на 23 март на „Глорија“ арена ќе играат против Финска и четири дена подоцна на „Мардан“ арена против Азербејџан.