ВАР од следената сезона влегува и во холандската Ередивизија

Видео технологијата ВАР која им помага на судиите за решавање на спорните моменти на фудбалските натпревари од следната сезона ќе се користи и во Холандија.

Одлуката на ФИФА да го вклучи ВАР на Светското првенство во Русија реши да ја следи и Холандија која ќе ја применува на натпреварите од првата лига – Ередивизија.

Претходно видео-асистентот го прифатија италијанската Серија А, германската Бундеслига, американската МЛС лига, од следната сезона шпанската Примера, додека засега во Англија се користи само на куп-натпревари.

Засега е сигурно дека системот ВАР нема да се применува во Лигата на шампионите во сезоната 2018/19 како што неодамна потврди и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.