Вардар против Висла ќе брка директно четвртфинале

Ракометарите на Вардар го доживеаја вториот пораз во годинешната Лига на шампионите откако пред малку загубија минимално на гостувањето во Нант со 27-26 (18-12). „Црвено-црните“ проиграа дури пред крајот на мечот кога се доближија на два гола, но по една сомнителна судиска одлука во корист на домаќинот, немаше простор за враќање. Најефикасни во редовите на македонскиот и европскиот шампион беа Лука Циндриќ и Тимур Дибиров со по пет голови, додека Гурбиндо Мартинез ја предводеше листата на стрелците со осум погодоци. Кире Лазаров не настапи за францускиот состав поради повреда што ја влече од Европското првенство во Хрватска.

Вардар и натаму е прв во групата А со 20 бода од 13 меча, пред Нант со 19 и Барселона со 18. Во последното коло наредниот викенд, скопјани се домаќини на Висла Плоцк и евентуален триумф, па дури и реми ќе значи прво место и директен пласман меѓу најдобрите осум тимови во Европа. Тоа би значело полесен противник во четвртфиналето и шанса да се стигне до Келн, каде ќе се брани европската круна освоена минатата година.