Вардар и ослабнат повторно силен: Седма победа на седмиот меѓусебен дуел со Кристијанштад

И покрај тоа што минатата сезона од РК Вардар си заминаа голем број играчи, македонскиот шампион продолжува во голем стил да нижи победи во Лигата на шампионите. Вардарци на вечерашната средба со шведски Кристијанштад во СЦ „Јане Сандански“ триумфираа со 33:25.

Ова беше натпревар од второто коло во Лигата на шампионите по кој македонскиот претставник има максимални четири бода.

Победникот беше решен уште по првото полувреме со оглед на убедливите девет гола предност (19:10) за домаќините.

Двојките за другите натпревари од втората рунда во А групата се: Киелце – Рајн Некар Левен, Барселона – Веспрем и Мешков Брест – Монпелје.

Во следното коло, на 29 септември Вардар гостува во Унгарија кај Веспрем.