Вардар без Штербик ќе го напаѓа ПСЖ за бронзениот медал

Вардар и ПСЖ ќе играат за бронзениот медал на завршниот турнир во Келн.

Арпад Штербик кој синоќа се повреди на почетокот од второто полувреме, денеска не е во составот за дуелот со ПСЖ.

Штербик на крајот од сезонава заминува за Веспрем, па така вчерашниот меч беше последниот во дресот на македонскиот тим.

Тренерот Раул Гонзалез го објави составот за денешниот натпревар, а во истиот ги нема Штербик и Војводиќ. Нивните места ги потполнуваат Ѓорѓески и Поповски.

Вардар: Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Фереира, Милиќ, Кристопанс, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Ѓорѓески, Стоилов, Карачиќ, Поповски.

Натпреварот почнува во 15.15 часот и ќе претставува шанса за Вардар да се утеши по вчерашниот неуспех, иако ќе биде тешко против ранетите ѕвезди од ПСЖ.