Вардар без калкулации влегува на дуелот со Монпеље

Тимот на Вардар в сабота против Монпеље ќе го одигра последниот натпревар во групата од Лигата на шампионите. Со победа „црвено-црните“ ќе имаат шанса да го освојат второто место, но тоа ќе зависи од резултатот на Веспрем.

На денешната прес-конференција, од таборот на вардарци порачаа дека одат на победа и не ги интересираат комбинации за можниот противник во следната фаза.

– Не очекува важен натпревар. Фокусирани сме на натпреварот. Со победа може да бидеме втори. Имаме проблеми со повредени. Пет-шест играчи се жалат на повреди, а како ќе изгледа составот ќе знам пред самиот натпревар, истакна Парондо.

Дибиров рече дека Вардар секогаш во „Јане Сандански“ игра на победа.

– Играме дома. Вардар секогаш во Скопје оди на победа без оглед на противникот. Нема никакви калкулации, немаме посебни желби за кој тим д ани биде противник во следната фаза. Ние сакаме на секој натпревар да победиме со триумф да ја завршиме групната фаза. Второто место е  подобро само во еден сегмент, вториот натпревар во четвртфиналето го играш дома. Според мене тоа не е многу важно и сметам дека ако сме комплетни имаме шанси да стигнеме далеку, изјави Дибиров.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.