Вардарци тренираа во Санкт Петерсбург


Во ниски температури и во снежни услови, тимот на Вардар вечерва на стадионот „Петровски“ го оддржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар против рускиот Зенит во фудбалската Лига на Европа.

Тренингот го одработија сите фудбалери, а тренерот Чедомир Јаневски ги воигруваше тактичките варијанти. Натпреварот се игра во 19 часот.

Вардар е последен во групата без ниту еден бод и со само еден постигнат гол во досегашните четири меча.