„Вардарецот“ Карачиќ: Ќе се намачиме со Македонија

Хрватска рутинирано ја доби Јапонија (35-27) и со четири бода го дочекува утрешниот меч со Македонија (18 часот) на Светското ракометно првенство во Германија. Игор Карачиќ, кој со години игра во Вардар вели дека атмосферата кај „коцкестите“ е одлична, во тимот владее големо другарство, создадена е хемија што гарнирано со големиот квалитет што го поседуваат Хрватите е влезница за висок дострел и борба за медали.

„Македонија игра статичен ракомет. Имаат многу брзи играчи, но најсилното оружје им е Кире Лазаров и двајцата пивоти што секогаш се на вистинско место. Едниот од нив, Стоилов игра со мене во Вардар. Ќе се измачиме со нив. Но, доколку бидеме подвижни во одбраната и ако нашите гомани бидат одлични како денес, ќе ги претрчаме и победиме“, анализира Карачиќ.