Ван дер Варт потпиша за индонезиски Бали јунајтед

Рафаел ван дер Варт (34), кој своевремено настапуваше за Реал Мадрид и за Тотенхем, се сели во Индонезија во екипата на Бали јунајтед, јавуваат тамошните медиуми. Холандскиот интернационалец заминува на далечниот Исток од дански Митјиланд со кој се раздели на шест месеци пред истек на соработката.

Ван дер Варт важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот при неговите почетоци во Ајакс. Во кариерата играше и за Реал Мадрид, за Тотенхем, за Хамбургер и за Бетис пред ангажманот во Митјиланд.

Во Бали јунајтед ќе има поддршка од сонародниците Ник ван дер Велден и Силвано Комвалиус.