Вандали повторно дивееле во центарот на Струмица

По само четири дена, засега непознати сторители повторно искршиле жардиниери на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека се згрозени од овој нов вандалски чин и повторно апелираат до граѓаните да не ја уништуваат опремата бидејќи таа е набавена од средства на граѓаните и им служи на сите.

И овој настан како и претходниот е пријавен во полицијата, која трага по сторителите.