Бујар Османи поради Косово нема да оди на конференцијата во БиХ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи нема да присуствува на конференцијата во Бања Лука, Босна и Херцеговина за Западен Балкан, бидејќи Косово не е покането, потврдуваат од СЕП.

Од Владата посочуваат дека се работи за лична процена на вицепремиерот.

– Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учестува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот, велат од Владата на Република Македонија