Бутарис: „Република Нова Македонија“ или „Северна Македонија“ се прифатливи за Грција

Грција никогаш нема да го прифати името Република Македонија, а Заев сака компромис за името, изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во интервју за австриски „Куриер“.

-Новиот претседател на владата Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Заев сака компромис за името: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш не би го прифатила името Република Македонија, вели солунскиот градоначалник.

Бутарис смета дека со решението за името би се отворил патот на Македонија кон НАТО и дека Македонија би можела да најде нов идентитет за самата земја и за нејзните граѓани.