Бундеслигата е најефикасниот шампионат оваа сезона

Натпреварите во Бундеслигата се најефикасни во споредба со другите европски првенства оваа сезона, покажува статистиката.

Интересно е дека во текот на есента се одиграа само 153 натпревари во германската елита, но сепак во нив имаше еден куп спектакуларни дуели со резултати од типот на 3:3, 4:3, 4:2 и 7:1. Вкупниот број на голови е 465, што значи 3.04 голови по натпревар.

Според овој показател, по нив следи англиската Премиер лига со просек 2.85 гола на натпревар, италијанската Серија „А“ со 2.62 гола на натпревар, француската Лига 1 (2.59) и шпанската Ла Лига (2.52).

Неверојатните индикатори на Бундеслигата се должат главно на лидерот во табелата Борусија Дортмунд, кој реализираше 44 погодоци. Три од нив завршија во мрежата на шампионот Баерн Минхен, кој двапати водеше во „Дер Класикер“, но загуби.

Петпати оваа сезона во Бундеслигата имаше шест или повеќе голови. Ниеден друг шампионат не може да се пофали со такво нешто.

Цели петмина фудбалери во германската елита постигнаа двоцифрена бројка голови – Пако Алкасер, Лука Јовиќ, Марко Ројс, Тимо Вернер и Роберт Левандовски.

Нема друга лига како Бундеслигата, во која има само осум реми без голови оваа сезона. За споредба, Премиер Лигата е втора со 14 резултати 0-0. Ла Лига со 15, а Серија „А“ и Лига 1 – со по 17.