Бугарските работодавци ќе им даваат божиќни бонуси на вработените
Околу 64 отсто од работодавачите планираат да им дадат новогодишен бонус на вработените, 21 отсто нема, а 15 отсто се уште не донеле конечна одлука, покажуваат резултатите од анкетата на Бугарската трговско-индустриска комора (БТПП).
Анкетата е спроведена во периодот од 22 до 29 ноември, соопшти прес-центарот на организацијата на работодавачите.
Фирмите им даваат дополнителни средства на вработените на крајот на годината главно поради Божик. Тоа го велат 66 отсто, од оние кои планираат да дадат бонус. За 16 проценти причина за бонусите е добрата финансиска состојба на фирмата, за 11 отсто повод за бонусите се истовремено празниците и успесите на фирмата.
Лошата финансиска состојба е причината поради која мнозинството од работодавците нема да дадат – кај 70 проценти од таа група фирми. Останатите 30 отсто истакнаа дека плаќаат доволно плата или даваат бонуси за завршена работа.
Дури 87 проценти од анкетираните планираат да им дадат бонус на вработените околу 500 лева или 250 евра. Околу девет отсто од работодавачите планираат бонуси од 500 до 1000 лева, односно од 250 до 500 евра, а над 1000 лева или 500 евра, само четири проценти од работодавачите.