Бројот на убиени во нападот во Египет се искачи над 300

Бројот на верници убиени во крвавиот терористички напад врз џамија во египетскиот град Ариш се искачи на 305, од кои 27 се деца, јави новинската агенција ДПА.

Египетските власти информираа дека 128 лица биле повредени во нападот во кој меѓу 25 и 30 исламисти, вооружени со бомби и автоматско оружје, ја нападнаа џамијата. Напаѓачите го вееле црното знаме на Исламската Држава за време на нападот.

Тродневна жалост е прогласена во Египет, каде јавноста е шокирана од нападот. Египетската армија употреби дронови за да ги пронајде и ликвидира терористите во околината на Ариш, град кој се наоѓа на Синајскиот полустров, каде честопати доаѓа до судири меѓу армијата на Египет и исламисти.