Британско кралско семејство: Божикен портрет во сино

Англија- Новиот семеен портрет на британското кралско семејство беше официјално објавен денес, неколку дена пред Божиќ, а на него се Вилијам, Кејт, Џорџ и Шарлот.Сите се модно ускладени со акцент на бебешко сината боја. Стомачето на Кејт е покриено со пеплум сако и широк колан.

Заедно со портретот, кралското семејство објави дека од јануари 2018-та, принцезата Шарлот ќе почне да оди во градинката Willcocks Nursery School во Лондон.