Британски музички награди: Џорџа Смит прогласена за најдобра пејачка

Десетина дена по наградите „Греми“, во лондонската „О2 арена“ се одржа доделувањето на наградите БРИТ, а најзначајните музички признанија – пејачка и пејач на годината ги освоија Џорџа Смит и Џорџ Езра.

Наградите за интернационални соло пејачка и пејач ги добија Аријана Гранде и Дрејк, а пак Том Вокер е прогласен за најдобар дебитант.
Титулата најдобар британски бенд, како и онаа за албум на годината, им припаднаа на рокерите од групата „1975″. Најдобар странски бенд се дуетот „Картерс“ составен од Бијонсе и Џеј Зи.
Наградата за британска песна на годината ја освоија Калвин Харис и Дуа Липа за „Оnе Кiss”, а на шкотскиот музичар му е доделена и наградата за најдобар продуцент.
Ед Ширан ја доби наградата за специјални достигнувања.
За најдобар видеоспот е прогласен oнoj за песната „Wоmаn Likе Ме” на групата „Литл микс“ изведена во соработка со Ники Минаж. Нивниот настап на свеченоста привлече можеби најмногу внимание и реакции кај гледачите.
Водители на вечерта беа комичарот Џек Вајтхол и радиоводителката Клара Амфо.
Наградите БРИТ се доделуваат од 1977 година, како британски пандан на американските награди „Греми“, а организатор е Британската фонографска асоцијација.