Британски музички награди: Дуа Липа доби најмногу номинации

Косовската поп-пејачка Дуа Липа ја предводи листата со најмногу номинации на претстојните Британски музички награди. Таа ќе се трка во пет категории, додека веднаш зад неа со четири номинации се наоѓа Ед Ширан.
Липа ќе се натпреварува против Џеси Вер, Кејт Темпер, Лаура Марлинг и Палома Фејт за најдобар британски женски соло-артист, а ги прославува номинациите за сингл, британскиот артист кој најбрзо се пробил, за албум на годината и за најдобро видео.
Ед Ширан ќе се натпреварува со Лиам Галагер, Лојл Карнер, Рагенбоун Мен и Стромзи за најдобар британски машки соло-артист. Тој е номиниран и во останатите три категории за најдобро видео, албум на годината и најдобар сингл. Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во „О2 арената“ во Лондон.

Албум на годината:
Дуа Липа – „Dua Lipa“
Ед Ширан – „Divide“
Џеј Хус – „Common Sense“
Рагенбоун Мен – „Humour“
Стромзи – „Gang Signs & Prayer“

Машки соло-изведувач:
Ед Ширан
Лиам Галагер
Лојл Карнер
Рагенбоун Мен
Стромзи
Женски соло-изведувач:
Палома Фејт
Кејт Темпест
Џеси Вер
Лаура Марлинг
Дуа Липа

Британска група:
„Волф Алис“
„Горилаз“
„Лондон Грамар“
„ХХ“
„Ројал блад“
Британски артист што најбрзо се пробил:
Дејв
Дуа Липа
Џеј Хус
Лојл Карнер
Сампа

Избор на критичарите
Џорџа Смит

Сингл на годината:
Лиам Пејн – „Strip That Down“
Џакс Џоунс и Раје – „You Don’t Know Me“
Клин Бандит – „Symphony“
Рагенбоун Мен – „Human“
Џеј Хус – „Did You See“
Калвин Харис заедно со (Фарел Вилијамс, Кејти Пери и Биг Шон) – „Feels“
Дуа Липа – „New Rules“
Ед Ширан – „Shape of You“
Џонас Блу – „Mama“
Литл Микс – „Touch“

Најдобро видео:
Калвин Харис
Клин Бандит
Џонас Блу
Литле Микс
Ед Ширан
Дуа Липа
Ани-Мари
Лиам Пејн
Хари Стајлс
Зајн Малик

Интернационален женски соло-артист:
Тејлор Свифт
Лорде
Бјорк
Пинк
Алиша Кис

Интернационален машки соло-артист:
Кендрик Ламар
Чајлдиш Гамбино
Дрејк
Бек
Диџеј Калед

Интернационална група:
„Фу Фајтерс“
„Аркејд Фајр“
„ЛЦД Саундсистем“
„Хаим“
„Килерс“