Британски министер: Словенија е бивша вазалска држава на СССР

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант беше критикуван поради тоа што за време на неговата посета на Љубљана изјави дека Словенија е „поранешна вазалска држава на СССР“.

Хант се состана со словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар во Љубљана на преговори за „Брегзит“.

„Ова е мојата прва посета на Словенија како министер за надворешни работи и навистина сум среќен затоа што сум тука. Горд сум на промените што се случија во Словенија во изминатите 30 години. Оваа земја помина низ големи промени од вазалска советска држава до модерна европска демократија, членка на ЕУ и НАТО“, рече Хант.

Поранешниот претседател на словенечкото Национално собрание Милан Бргрелез го критикуваше Хант, но исто така и локалните политичари кои не реагираа на коментарите на шефот на британската дипломатија.

Сличен пропуст беше направен и од британската амбасада во Словенија, која во пораката на социјалната мрежа Твитер изјави дека Хант се среќава со Карл Ерјавец, кој минатата година ја напушти функцијата министер за надворешни работи.