Бригит Нилсен на 55 години роди петто дете

САД– Славната данска актерка и манекенка ,Бригит Нилсен роди петто дете не 55 годишна возраст, прво заедничко со нејзиниот сопруг Матео Деси. Бригит роди здрава ќеркичка ,на која родителите и дадоа име Фрида.

Бригит се породи без никакви проблеми во приватна клиника во Лос Анџелес. Атрактивната актерка е во брак со Матео од 2006 година.

Таа зад себе има четири брака , меѓу кои и со познатиот актер Силвестер Сталоне . Бригит има четири возрасни синови.