Брејк и Драгана Клопчевска чекаат втора принова: Ќерка е!

По синот Давид, кој наполни пет години, двојката бизнисмени Дарко Гелев- Брејк и Драгана Клопчевска чекаат ќерка.

– Ни се оствари желбата. Јас да имам уште едно дете, а Брејк, по два сина, и ќерка. Растена сум со брат и сестра. Секогаш имаш друштво и никогаш не ти е здодевно. Посакував Давид да има брат или сестра. Имам трпение, желба и љубов за уште деца – ни изјави Драгана.

Вели, најубавиот момент ѝ бил раѓањето на синот, како круна на љубовта со Брејк.

– Уживам во улогата на мајка. Трпение, сила и кога ја нема, безусловна љубов… многу работи се учат повторно, многу се доживуваат по првпат – ни изјави Клопчевска.

Драгана ја препознаваме како лице од пистите и како мис на Македонија за 2001 година. Сега со сестра ѝ веќе седум години го водат „Сити хол“ (старата дискотека „Хард Рок), кој работи како мултимедијален центар за организирање на настани од секаков тип. Брејк е сопственик на три радија во Скопје. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски