Брендот „Версаче“ оди на продажба

Италија– Компанијата „Версаче“  деновиве ќе објави дека оди во продажба, пишува италијанскиот весник Corriere della Sera повикувајќи се на неименувани извори. Донатела Версаче, уметнички директор и потпретседателка на компанијата, свика состанок за утре, а тогаш би требало да се објави и информацијата за продажбата, пренесува SEEBiz.eu.

Вредноста на компанијата се проценува на околу 2 милијарди долари. Меѓу потенцијалните купувачи се Мichael Kors Holdings и Tiffany&Co. Versace почна да размислува за ИПО откако 20% од компанијата ја купи Blackstone во 2014 година. Меѓутоа, од компанијата на почетокот на годината порачаа дека не се брзаат со листање на акциите на берза. Останатите 80% удел во компанијата се сопственост на семејството Версаче.