Бред Пит и Шарлиз Терон: Нова холивудска двојка?

САД– Холивудскиот актер Бред Пит се среќава со актерката Шарлиз Терон, пишува британскиот весник Сан.

Според публикацијата, врската меѓу нив започнала на Божиќ. Тие веќе се појавија заедно на премиерата на “If Beale Street Can Speak”, во која Пит ја игра улогата на продуцент.

Весникот забележува дека односот со Шарлиз Терон (43) е првиот сериозен на 55-годишниот актер по неговата разделба со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Бред Пит и Анџелина Џоли се венчаа во август 2014 година. Тие имаат шест деца, од кои три се посвоени. Во септември 2016 година, Џоли поднесе барање за развод врз основа на тоа што не се согласува со образовните и воспитни методи на Пит.

Терон имаше долгогодишна врска со колегата Питер Tаузенд, а беше свршена и со актерот Шон Пен. Има посвоенo два сина Аугуст и Џексон.