Бред и дава половина од своето богатство на Џоли за да ги види децата

САД- Најновите информации во светските медиуми се дека Бред Пит (53) наводно и понудил на Анџелина Џоли (42) да земе половина од неговото богатство кое се проценува на повеќе од 250 милиони долари, но таа за тоа не сака да слушне. Наводна Анџелина и понатаму инсистира Бред помалку време да поминува со нивните шест деца.

“Тој се обидува да ја купи Анџелина. Откако минатата година го испрашуваа поради малтретирање на синот и откако призна дека има проблеми со алкохолот, нема што да изгуби,  тврди извор близок на поранешната двојка. Тој додал дека на Бред му се приоритет децата, со кои сака да поминува што повеќе време.

“Бред и Анџелина годишно на телохранителите на децата трошат милион долари. Бред и понатаму сака да учествува во тој трошок,изјавил пријателка на двојката. Тој додал дека актерот и понатаму сака Анџелина непречено да се занимава со хуманитарното работење без да се грижи за финансиите.

Анџелина ги поднесе документите за развод од Бред, лани, во септември.