Брегзит не ги засега – најниска стапка на невработеност во половина век

Најновиот извештај за невработеност во Велика Британија покажува дека стапката на невработеност на Островот достигна најниско ниво во последните 44 години.
Стапката на невработеност изнесува само 3,9 отсто, што е пад за 4 отсто колку што изнесуваше минатиот месец. Тоа е најниско ниво од јануари 1975 година, кога Харолд Вилсон беше премиер на Велика Британија.
Стапката на невработеност во Велика Британија достигна најниско ниво во последните 44 години. Бројот на невработени во оваа земја опадна за 35.000 во последниот квартал во 2018 година, на 1.338.000.
И стапката на вработеност достигна рекорд, од 76,1 отсто во последниот квартал, што е во пораст во однос на 75,7 отсто колку што изнесуваше во третиот квартал во 2018 година.
Ова укажува на тоа дека пазарот на труд во Велика Британија не е погоден од се поголемата неизвесност околу Брегзит.