Браќата Тавитјан со Шербеџија снимија спот за преработката “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”

Браќата Тавитијан заедно со легендата Раде Шербеџија снимија преработка на македонската народна песна “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”. Музиката на Тавитијан надополнета со гласот на холивудскиот актер Шербеџија. Музиката и продукцијата е на браќата Тавитијан, пијано Диран Тавитијан, тапани Гаро Тавитијан, Александар Икономов на бас, а видеото е дело на Александар Ристовски.

Зад Шербеџија се многубројни холивудски филмски остварувања како и соло музички остварувања и соработки со врвни балкански музичари. Шербеџија од неодамна е и член на Aкадемијата за филмска уметност и наука која го доделува Оскарот.

-За оваа прилика уште еднаш се потрудивме да дадеме заеднички музички придонес во чест на нашата земја, нашиот јазик и култура во една модерна акустична верзија, изјавија тавитјан на социјалните мрежи.