Брајан Џонсон повторно во студио со AC/DC


Според пишувањето на странските медиуми, Брајан Џонсон потврди дека повторно ќе пее на новиот албум на групата AC/DC.

 

Минатата година објавено е дека иконите на рокот работат на новиот албум кој ќе се фокусира на работата на нивниот некогашен ритам-гитарист Малколм Јунг. Имено, тој почина во ноември 2017 година, откако се повлече од бендот поради деменција.

Џонсон во меѓувреме, бепе присилен да го напушти бендот во 2016 година поради проблеми со слухот и привремено го замени Аксл Роуз. Но, почна да се нагаѓа дека пејачот повторно ќе се состане со ро легендите за потребите на новиот студиски материјал откако неодамна е виден со поранешниот тапанар на бендот Фил Руд во ванкувер.

Но, неофицијална потврда дека Брајан Џонсон повторно работи со бендот AC/DC стигна од членовите на американскиот бенд Терорајзер (Terrorizer) по средбата со легендарниот фронтмен на аеродромот, пренесе NME.

„Денеска се сретнавме на аеродром со Брајан Џонсон. Го прашавме за гласините дека ќе работи на новиот албум на AC/DC и тој рече дека му претставува мака да го негира тоа и ни рече дека гласините се точни“, стои во објавата на Фесјбук.