Бразил ја победи Австрија цо 3-0 во последниот меч пред Светското
Бразилската фудбалска репрезентација имаше успешна контрола пред заминувањето на Мундијалот во Русија. „Кариоките“ денеска на гостувањето кај Австрија во Виена славеа победа со 3:0.
Габриел Жезус, Нејмар и Кутињо ги постигнаа головите за фаворитот на овој натпревар и воопшто на Светското првенство.
Домашните фудбалери се обидоа со груба игра да ги деконцентрираат Бразилците кои на моменти беа многу лути поради грубостите на противникот. Сепак и тоа не им помогна на Австријците да дојдат до поволен резултат.
Следна дестинација на повеќекратниот светски првак е Сочи, градот кој ќе биде нивна база во текот на Мундијалот.