Бошњаковски: Се разгледуваат можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Владата ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со случајот „Дива населба“.

– Се прави анализа на севкупните аспекти на настанот. Ова е чувствително прашање и за Република Македонија и за Република Косово. Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за меѓународно толкување или истрага на сите околности поврзани со овој настан, изјави портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека оваа анализа треба да го даде и одговорот на прашањето која институција и од кој аспект ќе биде надлежна за процесирање на процесот, што и да се добие како резултат од оваа анализа.