„Бос“ со колекција во чест на Мајкл Џексон: Нова верзија на белиот костум од албумот „Трилер“

Германија – „Хуго Бос“ му оддава почит на 60. роденден на Мајкл Џексон со нова верзија на неговиот бел костум од обвивката на албумот „Трилер“ од 1982 година.

Новиот костум е направен од лесна ткаенина со три копчиња и манжетни и во малку помала големина од оној што ѕвездата го носеше во време кога преголемата облека беше модерна во 80-тите години и панталони со помалку набори.
Колекцијата „Бос x Мајкл Џексон“ вклучува три унисекс маици во чест на дијамантскиот јубилеј на кралот на поп-музиката, кои ќе бидат пуштени во продажба во продавниците на „Хуго Бос“ ширум светот , денес на роденденот на поп-иконата.

Една избледена памучна маица од Греам Делфин ја вклучува сликата од обвивката на албумот „Трилер“, заедно со пораките од обожавателите на Џексон; друг дизајн е со неговата силуета во поза на неговиот препознатлив стил на танцување.
Џексон почина во 2009 година, но неговото музичко наследство продолжи да живее (најголемите хитови на „Иглс“ дури сега го поминаа „Трилер“ како најдобро продаван албум во САД на сите времиња овој месец). Во меѓувреме, компанијата на Мајкл Џексон и „Колумбија лајв стејџ“ работат на бродвејски мјузикл инспириран од неговиот живот, кој ќе има своја премиера во 2020 година.
Надвор од неговото влијание во музиката, Џексон останува икона за неговите модни избори – неговата бела кристална ракавица достигна цена од илјадници долари на аукција оваа година. Мајкл Буш, дизајнерот на костимите на Џексон, ги истражуваше неговите модни избори во својата книга во 2012 година.

Германскиот луксузен бренд „Хуго Бос“ е секако голем обожавател, кој исто така ја спонзорираше изложбата „Мајкл Џексон: На ​​ѕидот“ во Националната галерија на портрети во Лондон во јуни.