Борко Ристовски: Направивме огромен резултат

Голманот Борко Ристовски двете победи и пласманот во следната фаза на Европското првенство го оцени како извонреден резултат.

– Знаевме дека овој натпревар ќе биде потежок отколку со Словенија, затоа што бев под дополнителен психолошки притисок да стигнеме до победата која не носи во вториот круг. Ќе пренесеме два бода во следната фаза, што е огромен резултат за нас. Прв пат во историјата пренесуваме два бода, а може да се и повеќе. Притисокот си го направи своето. Не е важно како игравме, важно е што освоивме бодови. Да се одмориме колку што можеме во кусиот период до дуелот со Германија, изјави македонскиот голман.

Ристовски се заблагодари на македонските навивачи кои во илјадници се во Загреб и даваат поддршка на македонските ракометари

– Заедно се бодревме кога не ни одеше. Тие беа оние кои ни помогнаа да се вратиме. Да уживаме со публиката и благодарам до цела Македонија за поддршката која ни ја дава.