Бордејн се обесил во хотелската бања

Познатиот готвач Ентони Бордејн го искористил каишот од бањарката за да се обеси во бањата на хотелот во кој прстојувал во Франција. Официјалниот извештај од француското обвинителство, што беше објавен денеска открива дека на телото на Бордејн нема траги на насилство, ниту пак има знаци дека некој влегувал во неговата соба во петокот, пред да биде откриено неговото тело.

Бордејн престојуваше во Франција на снимањето на серијалот „Партс анноун“.