Боите на македонското знаме ќе светнат на Empire State Building (Фото)


Боите на македонското знаме ќе бидат  ќе бидат осветлени на познатата њујоршка зграда Empire State Building заедно со другите знамиња на земјите учеснички на ЗОИ 2018, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Осветлувањето е во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Погледнете како би изгледало:

Пјонгчанг во наредните 16 дена ќе биде центар на светскиот спорт. Јужна Кореја по вторпат во историјата ќе биде домаќин на Олимпијада, за првпат на зимска по летната што ја организира во Сеул во 1988 година, што по многу нешта се разликува од претходните. Ќе биде најмасовна досега со 2,952 олимпијци од 92 земји кои ќе учествуваат во 102 натпреварувања во седум спорта, односно, 15 дисциплини. Меѓу нив и тројца спортисти од Македонија – Антониот Ристевски (алпско скијање – слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри – спринт на 1,6 километри и трка на 15 километри) и Викторија Тодоровска (крос кантри – трка на 10 километри).

Свеченото отворање е во 20 часот по локално време, т.е. 12 часот по македонско со пренос на МРТ 1. Повеќе за спектакалот прочитајте овде.