Принцот Алберт и Шарлин: Божикна честитка од Монако

Монако– Новогодишната семејна идила на кралското семејство е отсликана на божикната честитка за 2019. Покрај раскошна елка позираат принцот Алберт, со сопругата Шарли,  близнаците Жак и Габриела кои имаат по четири години и домашниот миленик.

Белата и црвената боја доминираат во гардеробата која е покласична за родителите, а поспортска за синот.

Подароците се спакувани под елката, желбите не се откриваат и се чека Дедо Мраз.

Претходно и кралското семејство од Англија се пофали со божикни честитки, ама во есенски амбиент.