БиХ: Украдени 30 метри од челичен мост

Неидентификувани лица украле околу 30 метри од челичен мост во Зеница, соопшти компанијата „БХ-гас“.

За време на редовната инспекција на гасоводот, на подрачјето на општина Зеница, било забележано дека на преминот преку реката Босна недостигаат околу 30 метри од мостот.

Преку овој мост минува магистралниот гасовод во последните 40 години, а преку него гас добива „Арселор митал“, фабриката за челик во Зеница и други потрошувачи во индустриската зона на овој град.

„БХ-гас“ соопшти дека непознати лица во изминативе неколку дена украле челична конструкција од мостот и на тој начин ги довеле луѓето и материјалните средства во опасност, наведува порталот „Депо.ба“.