Битолчанка пронајдена мртва со изгореници

Битолчанката В.А. (66) е пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сремска Митровица“, денеска десетина минути по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нејзиниот син во петокот околу 13 часот излегол на работа и вечерта кога се вратил дома, ја забележал мајка си без знаци на живот на подот од дневната соба во близина на кварцната печка. Од лекарската служба констатирале изгореници во пределот на двете нозе и стомакот. Се испитуваат причините за смртта.