Битолчанец обвинет за детска порнографија
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.П. (49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
МВР соопшти дека на 14 февруари во Битола по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на пријавениот при што бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.