Биткоинот руши рекорди, сега чини 7.998 долари

Биткоинот урна уште еден рекорд и сега чини 7.998 долари. Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед дека во еден момент падна на 5.500 долари.

По тоа, неговата вредност растеше, за во меѓувреме да порасне за 45 отсто. Во исто време, пазарната вредност на биткоинот или вкупната вредност на оваа валута во оптек, порасна од 92 милијарди долари на 133,5 милијарди долари.