Бискуп се повлече поради обвинувања за сексуално злоставување

Папата Франциско ја прифати оставката на бискупот од Лос Анџелес, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица, објави денеска Ватикан за овој најнов случај на недолично однесување на свештеник, кој ја тресе американската Католичка црква.

Според кратка изјава, 69-годишниот Александар Салазар се повлече од функцијата помошник- бискуп во Лос Анџелес. Ватикан на новинарите им подели и писмо од надбискупот на Лос Анџелес Хозе Гомез за случајот на Салазар.

Католичката црква се уште се опоравува од извештајот на големата порота, според кој, 301 свештеник во сојузната држава Пенсилванија сексуално злоупотребувал малолетници во период од 70 години.

Во февруари, во Ватикан ќе се одржи голем состанок за глобалната криза на сексуална злоупотреба.

Гомез во своето писмо на верниците им кажал дека во 2005 година, една година откако Салазар станал бискуп, надбискупијата знаела за наводите за „несоодветни односи со малолетни лица”, за што Салазар е обвинет за 90-тите на минатит век, кога бил жупник.

Полицијата започна истрага, но окружниот обвинител не го обвини, вели Гомез во писмото, додавајќи дека Салазар, со потекло од Костарика, „упорно негирал какво било злодело.”

Независниот одбор на надбискупијата ги прогласи обвинувањата за „веродостојни” и го информираше Ватикан за тоа. Надбискупот во писмото не објаснува зошто процесот помеѓу првите обвиненија и оставката траеше 13 години.

Во писмото се наведува дека името Салазар повторно се појавило откако Гомез стана надбискуп во 2011 година и нареди ревизија на претходните обвинувања за злоставување.

Претходник на Гомез, кардиналот Роџер Махони, предметот се испратил на Конгрегацијата за доктрина на верата, која ги истражува случаите на злоупотреба, се вели во писмото.

Конгрегацијата за доктрина на верата „му дозволи на бискупот Салазар да остане во служба со одредени мерки на претпазливост што ги почитуваше”. Не е наведено каи биле условите и зошто му е дозволено да се врати во службата.

Папата Франциско ги повика членовите на околу 110 национални католички бискупски конференции и десетици експерти и лидери на варските редови во Ватикан на 21-24 февруари на состанокот посветен на кризата на сексуална злоупотреба.

Жртвите се надеваат дека на средбата ќе придонесе за создавање на јасни правила, за бискупите да одговараат за прикривање или лошо решавање на случаите на злоставувања.