БИРН: Се продаваат СББ и Н1

Инвестициската група ППФ, која неодамна го презеде Теленор, е најсериозен потенцијален купувач на Јунајтед груп, во рамките на која се СББ (Serbia broadband – Српски кабловски мрежи) и регионалната телевизија Н1, наведуваат извори на БИРН.

Два извора запознаени со преговорите тврдат дека оваа недела ќе бидат реализирани серија состаноци со потенцијалните купувачи, а потпишувањето на договорот може да се очекува во септември.

Освен ППФ, меѓу заинтересираните купувачи се приватните акционерски фондови Цинвен и БЦ Партнерс.

Претставниците на ППФ групата, како и Јунајтед груп, изјавија за БИРН дека нема да коментираат пазарни спекулации.

Јунајтед груп, чиј мнозински сопственик е американската инвестициска фирма ККР, работи во шест балкански земји, обезбедувајќи медиумски, мобилни и кабелски услуги.

Изворите на БИРН сметаат дека вредноста на таа трансакција би можела да достигне три милијарди евра.