Билетите за „Златна Бубамара на популарноста“ од денеска во продажба

Од денес, напладне, преку www.mktickets.mk ќе бидат пуштени во продажба дел од билетите за 21. Издание на „Златна бубамара на популарноста“ што за прв пат ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“ на 22 февруари.

„Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!

Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!, велат организаторите.