Бизнисмен плати масовна венчавка за 251 двојка

Бизнисмен од Индија ја плати организацијата на венчавање на 251 жена од сиромашните средини. И, сето тоа токму на Бадник.

Махеш Савани масовната венчавка ја организираше во градот Сурату во државата Гуџарату во задпадниот дел од Индија, а свеченоста опфати двојки од хиндуистичка, муслиманска и христијанска вероисповед.

Бизнисменот кој инаку се занимава со продажба на недвижнини, веќе со години организира такви масовни венчавки за девојки кои, на пример, го изгубиле татко си и не можат да ја платат својата свадба. Од 2012. досега, вкупно 969 двојки стапиле во брак благодарение на овој добротвор.