Бидете дел од најмасовниот Јога час на 21 јуни

По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, ги покануваат сите на најмасовниот Јога час, кој ќе се одржи в четврток , во 19 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Настанот ќе го отвори Индијската амбасадорка Н.Е. г-ѓа Пуџа Капур, во присуство на членови од дипломатскиот кор од други амбасади, видни личности и медиуми.

Настанот ќе го поддржат и ќе земат учество повеќе јога друштва: Healthy YOGA, Joga Studio Delfy Spirit, Inside Yoga, 108 Yoga House, Sri Sri School of Yoga Macedonia, Art Excel Macedonia, Happy Yoga Macedonia, The Yoga Sangha и Уметност на живеење Македонија – Art of Living Macedonia.

И оваа година, одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата по четврти пат ќе го обедини целиот свет, сите земји, милиони луѓе без разлика на нивната боја, религиска припадност, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе мир во целиот свет. Колку повеќе се присутни, толку поубава енергија ќе се рашири низ етерот.

Во четврток, во 10:30 часот ќе следи уште еден целодневен настан во Центарот за јога, ајурведа и медитација на бул. „Св. Климент Охридски” бр.48, 1000 Скопје (поранешен Булевар, веднаш до Вулкан).Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку: теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација. Влезот е бесплатен.